Чудо во Андора, Копенхаген загуби од Интер Клуб д’Ескалдес


screenshot-2026-11-27-083804.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Интер Клуб д’Ескалдес приредија една од најголемите сензации во Конференциската лига досега. Клубот од Андора го победи Копенхаген со 2:0 во четвртото коло од лигашката фаза и забележа историска победа. Ова беше прва победа на Интер во Конференциската лига, а воедно стана и првиот клуб од Андора што победил во главната фаза во едно европско натпреварување.


Според „Трансфермаркт“, Интер вреди 4,9 милиони евра, а Копенхаген вреди 64 милиони евра.

Домашниот тим поведе во 19-та минута. Давид Лопез реагираше брилијантно и го погоди горниот десен агол од голот на Рунар со удар од работ на шеснаесетникот. Копенхаген мораше во првиот дел да брка негатива, а ситуацијата целосно се распадна во продолжението.

Данскиот тим остана со десет играчи во 54-та минута, кога искусниот Томас Дилејни доби втор жолт картон. Само три минути подоцна, дојде уште еден шок за гостите. Акос Маркграф го удри противничкиот играч Анвар Хернандез во пределот на стомакот, за што судијата му покажа директен црвен картон. Покрај исклучувањето, беше досуден и пенал за Интер.

Фејсал Чуаиб ја презеде одговорноста и во 59-та минута сигурно го реализираше пеналот за 2:0. Така, за само неколку минути, Копенхаген остана со девет играчи и имаше минус од два гола, кои не можеше да ги надомести. Интер го задржа водството до крајот и постигна резултат што долго ќе се памети во Андора.

За Копенхаген ова е особено болен пораз бидејќи е клуб кој редовно се натпреварува во европските натпреварувања и има искуство во играње во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Бо Свенсон пристигнаа во Андора по убедливиот пораз во првенството против Нордсјеланд (0:5), а сега доживеаја уште еден тежок удар.

Пред овој натпревар, Интер загуби од шведски Мјалби (0:2), романски Универзитетеа (1:3) и Црвена звезда (1:2), а победата против данскиот претставник им ги донесе првите бодови во натпреварувањето. По четири одиграни кола, има три бода и е во долниот дел од табелата, додека Копенхаген остана на седум бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK