(Видео) Мајсторијата на Гаштаров спречи пораз на Црвена звезда во Гент


screenshot-2026-11-26-230316.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Црвена Звезда одиграа 1:1 на гостински терен против Гент, во натпреварот од четвртото коло на Конференциската лига.


Гент водеше од 26-та минута со голот на Тијаго Араухо. По корнерот, одбраната ја исфрли топката, а Португалецот фати волеј, голманот Матеус беше покриен и таа заврши во мрежата.

Изедначи Матеј Гаштаров во 85-та минута. Македонскиот репрезентативец, нанижа тројца противници, а потоа испрати прецизен удар од 15 метри во спротивниот агол.

Црвено-белите доминираа, беа поконкретни (посед 71-29 отсто), со повеќе шутеви (24-10), но на крајот едвај успеаја да израмнат.

Звезда има уште гостување кај Иберија во Тбилиси, и натпревар дома со Трабзон.

Двата тима сега имаат по пет бода, две кола пред крајот на лигашката фаза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK