Вчерашниот ден го завршивме со состанок со општинскиот комитет во Неготино, извести преку социјалните мрежи, Александар Николоски, вицепремиер и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ е обединето и силно, во постојана координација и комуникација со членството. Во директна комуникација со членовите разговаравме за развојни проекти, нови политики кои ќе донесат уште поголем развој на државата“, порача Николоски.