Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника Жан Митрев


Jovic_00000
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мажите поретко одат на превентивни прегледи и често доаѓаат на лекар дури кога симптомите напреднале“

Мовембер не е само моден тренд, туку глобално движење кое поттикнува разговори за раното откривање на рак на простата и тестиси, како и менталното здравје кај мажите. Ноември е месецот кога машките бради и мустаќи растат со посебна цел – да потсетат на важноста на машкото здравје. За жал, статистиките покажуваат дека мажите поретко одат на превентивни прегледи и често доаѓаат кај лекар дури кога симптомите се понапреднати. Доктор Јовиќ, хирург уролог во Клиника Жан Митрев како еден од најголемите специјалисти во доменот на урологијата ни одговара на  нашите прашања.

  •  Превентивните прегледи кај мажите се многу важни бидејќи овозможуваат навремено откривање на болести, спречување на компликации и зачувување на здравјето и квалитетот на животот. Кои се главните ризик-фактори кај мажите?

Д-р Јовиќ: Години наназад советувам мажите барем еднаш годишно да се јавуваат на превентивни прегледи.  Обично се јавуваат на прв преглед само кога имаат некои симптоми или веќе им почнале проблемите. И уролошките заболувања како и се во човечкиот организам, се појавуваат и развиваат некогаш без некои јасни и видливи симптоми. Граѓаните остануваат недоволно информирани или недоволно запознаени со уролошките проблеми и опасности од заболувања. Затоа, секогаш прегледите треба да бидат превентивни, рутински и редовни, без појава на некаков симптом.


  •  На какви симптоми најчесто се жалат мажите, оние коишто имаат симптоми?

Д-р Јовиќ: Симптомите доаѓаат, а притоа не боли простата. Прво се случува намалување на млазот, притисокот, а тоа значи дека е помал протокот низ мочниот канал. Ова не се случува преку ноќ, туку целиот процес оди постепено. Пациентите почнуваат да живеат со овој симптом, дури и не го забележуваат. Покрај тоа што зголемената простата влијае на процесот на мокрењето, исто така таа има ефекти врз сексуалната функција на плодноста.

  • Се случува ли да дојдат мажите без никакви симптоми на уролошки преглед и како се одвива тој во Клиника Жан Митрев?

За жал се уште ретко доаѓаат пациенти на еден обичен уролошки преглед без никаков симптом. Превентивен. Добро е тоа што последниве години во месецот на машкото здравје едноставно станува веќе убав пример младо момче да дојде на преглед и кога ќе добие прашање зошто доаѓате на преглед, неговиот одговор е доаѓам на еден рутински преглед. Кај мажите постои една одбивност од уролошкиот преглед, токму поради типот на прегледот, но сега имаме ехо дијагностик, па првичниот преглед може да биде една контролна биохемиска лабораторија заедно со туморскиот маркер ПСА, како и еден ехо преглед кај што се прегледуваат бубрези, мочни патишта, мочен меур, простата и тестиси. Простатата ја гледаме и со сонда директно за да имаме подобра визуелизација на самата простатна жлезда и секако се мери рестурината, остатоците од урина во мочниот меур.

  • Каков пристап се користи во Клиника Жан Митрев при решавање на уролошката функционалност и има ли кај нас естетска урологија?

Д-р Јовиќ:  Естетската урологија е своевидно чудо во медицината и се применува во Клиника Жан Митрев. Со следење на најновите трендови во естетската урологија и користењето на најновите помагала, во Клиника Жан Митрев веќе станува рутина поставувањето на тестикуларни и пенилни протези, кои одлично ја решаваат нефункционалноста.  Исто така, често кај нас се работи и пенис пластика, односно продолжување онаму каде што е терапевтски потребно и каде постои извесен хендикеп. Мора да разбереме дека естетската урологија се применува со цел подобрување на здравствената функција. Кога станува збор за дисфункција на кој било дел од уролошкиот систем, нема дилема дека треба да се преземат сите потребни мерки. Овде ја вклучувам и пластиката или протезите кои потоа како дел од организмот потребно е да се направи да функционираат беспрекорно.

  •  Каква е статистиката, колку често мажите во Македонија се одлучуваат за ваков преглед?

Д-р Јовиќ: Во последните години во месец ноември мажите секаде во светот симболично, во знак на поддршка и подигање на свеста за машкото здравје ги пуштаат мустаќите и стануваат дел од светското движење МОВЕМБЕР со кое се солидаризираат и се апелира на превентивни прегледи. Движењето МОВЕМБЕР успешно се прошири и во нашата земја, што е за пофалба и мислам дека влијае на свесноста за ова заболување, особено кај помладата популација, која веќе влегува во ризична возраст и исто така е едуцирана да ги следи овие текови. Во нашата клиника секоја година традиционално се промовираат превентивните уролошки прегледи по промотивни цени со цел зголемување на свесноста за машката популација да стане поодговорна кон уролошкото здравје. Подобро е што сево ова функционира и мажите се јавуваат на првите прегледи и следат календар на редовни контроли. Затоа поддршката на ваквите иницијативи навистина треба да премине во традиција со цел навреме да се третираат симптомите кај мажите и да се чува машкото здравје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK