Премиер лигашите Арсенал и Манчестер Сити не успеаја да победат во петтото коло во Лигата на шампионите.
Манчестер Сити е во криза, на последните пет натпревари, два пати одигра нерешено и три пати загуби. Вчерва, Наполи одигра 2:2 на „Етихад“. Наполитанците два пати водеа, Сити од пораз го спаси Шерки.
И овој натпревар покажа дека одбраната е најголемиот проблем во играта на Сити. Нејасно е како Енцо Мареска успеа да си го дозволи ова откако го наследи тимот од Пеп Гвардиола.
Хојлунд и Ланг беа стрелци за Наполи, Буади постигна еден од двата гола за Сити.
Арсенал на „Емирејтс“ стадионот, против Борусија Дортмунд одигра 1:1. Виктор Ѓокереш постигна гол во 10-та минута. Сепак Арсенал и покрај силниот питисок не само што не успеа да ја зголеми предноста туку му дозволи на Бајер да изедначи во раната фаза од вториот дел. До крајот Арсенал притискаше, создаде неколку шанси, но не постигна гол.
Реал во Мадрид го преспа првото полувреме против ПСВ, а во второот го декласира противникот (5:1).
Перишиќ од пенал погоди за водство на гостите по првиот дел. Во второто, Валвердер изедначи, Белингем со брилијантен гол го комплетира пресвртот, потоа Мбапе постигна два гола, а точка на натпреварот стави Винисиус.
Резултати:
Арсенал – Борусија Дортмунд 1:1
(Ѓокерес 10′ / Баер 55′)
Комо – АЕК 1:0 (Мила 57′)
Феенорд – Порто 0:1 (Таргалин 2′ аг.)
Манчестер Сити – Наполи 2:2 (
Буади 67′, Шерки 86′ / Хојлунд 55′, Ланг 76′)
Лајпциг – Ленс 3:1
(Раум 6′, Нуса 9′, 90+4′ / Удол 58′)
Реал Мадрид – ПСВ 5:1
(Валверде 50′, Белингем 60′, Мбапе 64′, 84′, Винисиус 87′ / Перишиќ 32′ п)
Слован – Бетис 0:2
(Кучо Ернандез 43′, 57′)