Уставните судови на Македонија и БиХ ја зајакнуваат соработката со Меморандум и билатерална средба


viber_image_2026-11-24_14-54-38-493.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на Уставниот суд предводена од претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, оствари билатерална посета со судии од Уставниот суд на Босна и Херцеговина во периодот од 22 до 25 ноември 2026 година.


Во рамките на посетата, претседателите на двата суда, Дарко Костадиновски и Мирсад Ќеман потпишаа Меморандум за соработка.

Со Меморандумот се реафирмираат досегашните пријателски односи и соработката меѓу двата суда и се воспоставува рамка за интензивирање на идната соработка преку размена на стручни информации и уставно-судска практика, организирање заеднички стручни средби, семинари и конференции, како и други форми на соработка од заемен интерес.

Беше истакнато дека Меморандумот претставува израз на заедничката посветеност на двата уставни суда за развивање партнерски односи засновани на меѓусебно почитување, стручна соработка и размена на искуства, со целосно почитување на нивната уставна и институционална независност.

Стручната дискусија, која му претходеше на потпишувањето на Меморандумот беше фокусирана на три клучни прашања: улогата и надлежностите на уставните судови, нивната независност и самостојност, како и почитувањето и извршувањето на одлуките на уставните судови. Дел од дискусијата беа и раководителите на одделенијата во Канцеларијата на регистраторот на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

На средбата беше нагласено дека соработката меѓу двата уставни суда претставува значаен придонес за уставноста и законитоста, владеењето на правото и заштитата на човековите права и основни слободи.
Делегацијата на Уставниот суд на Република Северна Македонија е во состав од претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, судиите Татјана Васиќ-Бозаџиева, Фатмир Скендер и Мери Дика-Георгиевска, генералниот секретар Виолета Ѓорѓиевска самостојниот советник за протоколарни работи Симона Герасимова-Јовановска.

Во Уставниот суд на Босна и Херцеговина делегацијата беше пречекана од претседателот Мирсад Ќеман, потпретседателката Валерија Галиќ, судиите Марин Вукоја и Лариса Велиќ, генералниот секретар Наташа Вуковиќ и регистраторката Ерда Зачирагиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK