Ферстапен победи во Лас Вегас – Хамилтон и Леклер повторно „блеснаа“


14462995.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Макс Фестапен победи во Лас Вегас, пред возачите на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пјастри. Холанѓанецот ја забележа четвртата победа во последните шест трки.


Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највизбудливата оваа сезона.

Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Ферстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него.

Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот на Ферстапен.

На крајот Расел доживеа катастрофа, направи грешка во претпоследниот круг и траката ја заврши на деветтото место. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри.

Посебна приказна се возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Иаа дуели на патеката, по првиот Луис доби казна од 10 секунди, а Леклер му „возврати“ во 46 круг. Поради казната Леклер трката не ја заврши како шести, туку како 10-ти.

За обележување и извонредната трка што ја имаше Пјер Гасли, со Алпин го освои петтото место.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK