Кејн најплатен во историјата, Ким заработува повеќе од Олисе


frankfurt-germany-october-2024-min-depositphotos_753334036_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германски „Билд“ објави преглед на годишните приходи на фудбалерите на Баерн Минхен, а податоците откриваат големи разлики меѓу ѕвездите на баварскиот гигант.


На врвот на листата е Хари Кејн, кој стана најплатен играч во историјата на Бундеслигата, додека особено изненадувачки e фактот, дека јужнокорејскиот дефанзивец Ким Мин-џе заработува повеќе од Михаел Олисе и Луис Дијаз.

Според информациите од германскиот весник, англискиот репрезентативец Хари Кејн, кој неодамна го продолжи договорот со Баерн до 2029 година, може да заработи дури 29 милиони евра годишно, вклучувајќи ги и бонусите.

Со тоа, тој стана најплатен фудбалер во историјата на германското првенство, а зад него е Џамал ​​Мусијала, чии годишни приходи надминуваат 25 милиони евра.

На самиот врв на листата на плати се Мануел Нојер, Џошуа Кимих, Дајо Упамекано и Алфонсо Дејвис, кои со бонуси можат да заработат до 20 милиони евра по сезона.

Сепак, можеби најголемото изненадување е позицијата на Ким Мин-џе. Јужнокорејскиот стопер заработува околу 17 милиони евра годишно, што е за три милиони повеќе од двајцата исклучително важни офанзивни играчи на Баерн, Михаел Олисе и Луис Дијаз, чии приходи се проценуваат на по 14 милиони евра.

Интересен е и случајот со Серж Гнабри, кој се согласи на намалување на платата во февруари за да го продолжи договорот со клубот. Германскиот репрезентативец претходно заработуваше околу 19 милиони евра годишно, додека неговите нови приходи се помеѓу десет и 15 милиони.

Меѓу фудбалерите кои имаат значителни приходи се хрватскиот репрезентативец Јосип Станишиќ и германскиот репрезентативец Александар Павловиќ. Според проценките на „Спорт Билд“, двајцата заработуваат по осум милиони евра.

Том Бишоф, Натаниел Браун, Исмаел Саибари, Хироки Ито и голманот Јонас Урбиг, кои се во категоријата на плати помеѓу пет и седум милиони евра.

„Билд“ исто така наведува дека договорот на Мусијала содржи посебна одредба што му гарантира плата во текот на шест месеци во случај на повреда.

Така, Баерн продолжува да инвестира огромни суми пари во играчкиот кадар, а објавените бројки покажуваат колку финансиската моќ на германските шампиони е поголема од повеќето негови конкуренти во Бундеслигата.

Треба да се нагласи дека ова се проценки на годишниот бруто приход, кои вклучуваат можни бонуси, а не официјално објавени износи од договорот на фудбалерите.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK