(Видео) Речиси сите вработени во „Антропик“ сега се милионери


antropik-august-2024-paraguay-photo-illustration-depositphotos_738361728_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Излегувањето на берза на „Anthropic“, моќна компанија во областа на вештачката интелигенција, претвори голем дел од нејзините вработени во милионери, а некои од нив станаа и мултимилионери.


Според официјалните документи поднесени до регулаторните органи, заклучно со септември оваа година, компанијата броела 5.300 вработени. По иницијалната јавна понуда (IPO), со која цената на една акција беше утврдена на 83 долари, вредноста на акциите што ги поседуваат околу 600 вработени надмина 100 милиони долари. Овие податоци ги пренесе „TheHill.com“ – платформа која ја следи вредноста на акциите во приватни компании, пишува Си-ен-ен.

Богатство создадено преку ноќ
Анализите покажуваат дека дури 2.800 вработени – кои внатрешно ги нарекуваат „мравки“ (Ants) – сега поседуваат акции во вредност поголема од 10 милиони долари. Вкупно 5.100 вработени, што претставува 96 отсто од вкупниот број на вработени, сега поседуваат удел во компанијата чија вредност надминува 1 милион долари.

„Најизненадувачка е брзината со која се случи сето ова“, изјави во четвртокот за Си-ен-ен, Ендрју Бенсон, основач и извршен директор на „Hill“. Тој додаде дека „Anthropic“ има многу ниска стапка на напуштање на вработените.

„Веќе некое време беше јасно дека ’Anthropic‘ бележи експлозивен раст. Луѓето не си заминуваа бидејќи беа свесни каква можност би пропуштиле доколку го направат тоа.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK