(Видео) Погодена амбасадата на Холандија во руски напад во Киев


2f3901c4-3a8c-45c8-ab10-02d039b6ba4c.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандската амбасада претрпе оштетувања за време на руски напад со беспилотни летала врз Киев. Проектил паднал зад зградата, при што се искршиле прозорци, а биле оштетени и автомобили, како и чуварска куќичка. Вработените во амбасадата не се повредени. Во нападот врз градот загина едно лице, а четворица се повредени.


Холандскиот министер за надворешни работи, Том Берендсен, изјави дека проектил удрил во просторот зад амбасадата. Тој наведе дека зградата претрпела помали оштетувања, дека вработените се безбедни и дека Министерството ги истражува точните околности на инцидентот.

Сè уште не е потврдено дали беспилотното летало намерно ја таргетирало областа околу амбасадата или пак било соборено од украинската противвоздушна одбрана.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја повика меѓународната заедница да ги осуди нападите врз странските дипломати, изјавувајќи дека „на теророт на Путин мора да му се одговори силно“. kyivindependent.com

Властите во Киев соопштија дека во нападот загинал 26-годишен маж, а четворица други луѓе се повредени. Тројца од повредените се пренесени во болница. Не е објавено каде се наоѓале жртвите во моментот на нападот.

Руски беспилотни летала го нападнаа Киев во текот на денот, а во градот неколку пати се огласија сирените за воздушна опасност. Во неколку градски населби се слушнаа експлозии и дејствување на противвоздушната одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK