Австралискиот премиер Ентони Албанезе директно го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја запре војната во Украина, за време на состанокот на лидерите на АПЕК во Кина.
Албанезе му се обрати на Путин пред повеќе од 20 светски лидери; рускиот претседател ја држеше главата наведната додека траеше обраќањето. Ова претставува невообичаено остар настап на австралискиот премиер, кој инаку е познат по својот претпазлив и одмерен пристап.
„Двете најголеми причини за нарушување на трговијата се конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, и мораме да направиме сè што е во наша моќ за да ги ставиме крај“, рече Албанезе.
„Конфликтот на Блискиот Исток влијае врз глобалната инфлација и ги зголемува трошоците за живот во нашите економии“, додаде тој.
„И му велам сосема директно на претседателот Путин: завршете ја војната – завршете ја веднаш“, изјави Албанезе.
Претходно, за време на средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг, Трамп навести дека ќе разговара за ставање крај на војната во Украина; тој исто така планира да ја покрене истата тема за време на заедничка средба со Ши и Путин.