(Видео) Нуклеарната актовка на Путин забележана во Кина


89dcf02f-0d9e-4107-8e43-391ad9762eb8.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина придружуван од соработник кој ја носеше таканаречената „нуклеарна актовка“ – уред што се користи за командување со стратешките нуклеарни сили на Русија, пренесува АПА, повикувајќи се на руски медиуми. Член на придружбата на Путин им потврдил на новинарите дека тој носи специјална актовка која е дел од рускиот систем за нуклеарна команда.


Уредот, познат како „Чегет“, му овозможува на руското раководство да одржува безбедна комуникација со воената команда и да издава наредби за употреба на нуклеарно оружје. Иако снимката привлече внимание за време на посетата на Путин на Кина, не е невообичаено рускиот претседател да патува со таква актовка.

За време на посетата на Пекинг во октомври 2023 година, Путин исто така беше виден во придружба на офицери кои носеа слични актовки. Тогаш, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, тој беше снимен како се упатува кон друга обврска, опкружен од припадници на обезбедувањето. Зад него одеа двајца руски офицери во униформи, од кои секој носеше по една од актовките.

Актовката „Чегет“ не е директно поврзана со нуклеарното оружје; таа не може сама по себе да се искористи за лансирање нуклеарен напад. Нејзината улога е да потврди дека рускиот претседател издал наредба за напад. Наредбите на претседателот потоа се пренесуваат до Генералштабот на руските вооружени сили, кој е одговорен за нивното понатамошно извршување.

Според тоа, „Чегет“ е дел од систем што им овозможува на руското државно и воено раководство да комуницираат и да носат одлуки во врска со употребата на нуклеарно оружје. Најновата снимка се појави пред средбата меѓу Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Шенжен, Кина.

Предвидено е тројцата претседатели да се сретнат утре, а се очекува една од темите на разговор да биде контролата на нуклеарното оружје. Самото присуство на нуклеарната актовка покрај Путин не значи дека Русија ја зголемила својата нуклеарна подготвеност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK