Гаши за членството во ЕУ: Македонија направи големи компромиси за остварување на оваа стратешка цел


gashiisrang-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со директорот за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Кристоф Исранг, кој беше придружуван од амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер.


„На средбата беа потврдени добрите односи и партнерството меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, а беа разменети и мислења во врска со процесот на европска интеграција, неговото стратешко значење и предизвиците со кои се соочува земјата на овој пат.

Претседателот Гаши ја истакна посветеноста и решителноста на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, нагласувајќи дека земјата покажала подготвеност да преземе значајни чекори и да направи големи компромиси во насока на остварување на оваа стратешка цел. Тој истакна дека европската интеграција повеќе не треба да се гледа само како политички и институционален процес, туку и како прашање на безбедноста и егзистенцијалниот интерес за иднината и стабилноста на земјата и регионот. Во таа насока, Гаши го нагласи значењето на континуираната поддршка од Германија и европските партнери за забрзување на процесот на проширување на ЕУ“, соопштија од Собранието.

Од своја страна, директорот Исранг го поздравил ангажманот на Република Северна Македонија во спроведувањето на реформите и ја потврдил германската поддршка за процесот на проширување на Европската Унија, нагласувајќи го значењето на европската перспектива за земјите од регионот.

Соговорниците разговарале и за актуелните случувања во регионот, придонесот на Република Северна Македонија во рамките на НАТО, како и за актуелните геополитички околности и нивното влијание врз европската безбедност и стабилност.

„Средбата уште еднаш го потврди значењето на континуираниот политички дијалог и соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на поддршката за европските аспирации на Република Северна Македонија“, соопштија од Собранието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK