Xiaomi ги претставува Xiaomi 18 Pro Max и Xiaomi 18 Pro – премиум паметни телефони од новата генерација, создадени за ерата на вештачката интелигенција


xiaomi_0000000
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Компанијата Xiaomi ја претстави својата најнова серија премиум паметни телефони – Xiaomi 18 Pro, која ги опфаќа моделите Xiaomi 18 Pro и Xiaomi 18 Pro Max. Во центарот на новата серија е иновативниот заден екран (Back Display), кој носи нови можности за интеракција со уредот и поставува нови стандарди во премиум сегментот. Напредните функционалности дополнително ги надополнуваат Leica системот на камери со два сензора од 200 MP, најновите мобилни платформи  Snapdragon® 8 Elite Extreme Gen 6 i Snapdragon® 8 Elite Gen 6¹, Xiaomi Privacy Display² екранот со Xiaomi HyperRGB 2.0 технологија, како и напредните функции засновани на вештачка интелигенција, кои отвораат нови можности за секојдневно користење на паметните телефони.

Xiaomi Back Display со поддршка од вештачка интелигенција носи нови можности за фотографирање, продуктивност и креативност


Серијата Xiaomi 18 Pro продолжува да ги поместува границите на дизајнот и функционалноста на паметните телефони благодарение на новата генерација заден екран (Back Display). Искористувајќи го потенцијалот на задната страна на уредот, овој иновативен екран носи нови можности за фотографирање, поголема продуктивност и креативно изразување, истовремено отворајќи го патот кон поинтелигентно и поедноставно секојдневие.

Back Display го користи истиот специјално развиен M11 панел како главниот екран, со максимална осветленост до 4.000 нити во различни услови на користење и LTPO технологија со приспособлива стапка на освежување од 1 до 120 Hz³. На тој начин се обезбедува изедначен квалитет на приказот на двата екрана. Благодарение на иновативното дизајнерско решение Unified Underglass, задниот екран и модулот со камери се интегрирани под единствена стаклена површина, со што се постигнува елегантен изглед на задната страна без видливи премини. Дополнителна отпорност на падови обезбедува заштитното стакло Corning® Gorilla® Glass Victus® 2.

Користењето на задниот екран за преглед на кадарот им овозможува на корисниците да го искористат целосниот потенцијал на напредниот систем главни камери при снимање селфи фотографии, групни фотографии и влогови. При групно фотографирање, камерата автоматски преминува во ултраширокоаголен режим кога ќе препознае повеќе од три лица во кадарот. Истовремено, можноста за снимање видеа во 8K резолуција со брзина до 30 кадри во секунда, со преглед на кадарот во реално време, овозможува поедноставно создавање квалитетни и впечатливи видеосодржини со главните камери.

Практичноста на задниот екран доаѓа до израз и во бројни секојдневни ситуации. Корисниците можат со еден поглед да ги проверат известувањата за повици, информациите од мапите, статусот на нарачано возење или достава на храна, како и други важни ажурирања. Функцијата Pin to Back Display овозможува текстови и слики, како авионски карти за качување или QR-кодови, да се зачуваат и прикажат на задниот екран за брз и едноставен пристап. Со широк избор динамични позадини што можат да се приспособуваат, Back Display нуди и дополнителни можности за персонализација на уредот.

Интеграцијата на вештачката интелигенција дополнително ги проширува можностите на задниот екран, правејќи ја интеракцијата со уредот поинтуитивна, попрактична и поприспособена на потребите на корисниците. Функцијата AI Interpreter ги претвора двата екрана во алатка за преведување во реално време, при што преводот се прикажува на соодветната страна од уредот, овозможувајќи поприродна комуникација лице в лице на 29 јазици. Новата функција GenAI Apps⁴ овозможува создавање едноставни апликации директно на паметниот телефон, користејќи го принципот vibe coding. Корисниците можат да развиваат мини-апликации едноставно опишувајќи ја својата идеја на природен јазик, без потреба од познавање програмирање.⁵ Достапни се и повеќе од 50 однапред подготвени апликации, од практични алатки до мини-игри, кои можат да послужат како основа за натамошно приспособување на функционалностите на задниот екран кон различни потреби.

Leica оптиката и напредните софтверски функции ја претвораат серијата Xiaomi 18 Pro во идеален придружник за фотографирање на патувања

Серијата Xiaomi 18 Pro ја подигнува мобилната фотографија на повисоко ниво благодарение на моќната комбинација од напреден хардвер и интелигентни софтверски решенија. Унапредениот оптички систем, развиен во соработка со компанијата Leica, претставува основа за врвен квалитет на фотографиите во различни услови на снимање. Истовремено, Xiaomi продолжува да ги истражува можностите на вештачката интелигенција за да им понуди на корисниците уште поголем простор за креативно изразување.

Во годината кога Xiaomi и Leica одбележуваат пет години партнерство, новата серија Xiaomi 18 Pro продолжува да ги обединува најсовремените технологии на Xiaomi и врвната Leica оптика, отворајќи ново поглавје во развојот на мобилната фотографија. Во центарот на овој напредок е новиот Leica систем со две камери од 200 MP (Leica Dual-200MP Camera System), кој благодарение на најновите достигнувања во минијатуризацијата на оптичките компоненти овозможува еден од најнапредните системи на камери на Xiaomi хармонично да се интегрира во дизајнот на задниот екран (Back Display).

Главната камера е опремена со напредниот Leica UltraPure Optical Design систем и Leica Summilux објектив со отвор на блендата f/1.67, кои овозможуваат снимање исклучително остри и јасни фотографии со верен приказ на боите. Кај телефото камерата, новиот перископски модул Power Prism ги обединува пренасочувањето на светлината и фокусирањето во една оптичка компонента, благодарение на што собира дури 177 проценти повеќе светлина во споредба со другите Pro Max модели достапни на пазарот.⁷

Благодарение на двете камери од 200 MP, од кои главната користи сензор со големина од 1/1,28 инчи, а перископската телефото камера сензор од 1/1,56 инчи, корисниците можат да очекуваат исклучителна острина и богатство на детали, дури и по дополнително отсекување и приспособување на кадарот. Кај моделот Xiaomi 18 Pro Max, главната камера е дополнително унапредена со сензорот Light Fusion 960L, кој обезбедува висок динамички опсег од 16,2 EV и овозможува поквалитетни фотографии дури и при силно заднинско осветлување.

Перископската телефото камера од 200 MP носи исклучителна флексибилност при фотографирањето, од класични портрети со фокусно растојание од 75 mm до зголемување еквивалентно на оптички зум од 150 mm, со импресивна јасност на фотографиите и дење и ноќе. За фотографирање од непосредна близина, телемакро функцијата со минимално растојание на фокусирање од 12 cm овозможува прецизно забележување на фините текстури и најситните детали.

Покрај хардверските унапредувања, серијата Xiaomi 18 Pro ги носи и најновите иновации во мобилната фотографија засновани на вештачка интелигенција, нудејќи им на професионалните фотографи дополнителни можности за креативно изразување. Функцијата Essential Moment, придвижувана од Xiaomi AI модел за обработка на фотографии директно на уредот, носи три препознатливи фотографски стила. B&W Film ја доловува длабочината и богатството на тоновите на класичната црно-бела фотографија, Iconic CCD ги оживува интензивните, заситени бои карактеристични за дигиталните фотоапарати со CCD сензори, додека Modern Vintage носи софистицирани тонови и природни детали, создавајќи безвременски изглед на фотографиите. Корисниците можат и да ги рекреираат оптичките карактеристики на два класични објективи: документарен објектив од 35 mm и портретен објектив од 75 mm, со нежно заматување на заднината (bokeh ефект).

Дополнителни креативни можности нуди Xiaomi Creativity Assistant⁸, кој со помош на вештачка интелигенција го олеснува фотографирањето и обработката на фотографиите. При снимање, функцијата AI Portrait Fill Light интелигентно ги осветлува лицата што останале во сенка поради силна заднинска светлина, овозможувајќи поприроден изглед на портретите. Истовремено, Xiaomi ProCut во реално време предлага оптимално кадрирање и композиција на фотографијата. По фотографирањето, функцијата AI Composition автоматски ја анализира снимката и ги препорачува најдобрите начини за отсекување на кадарот, за конечната композиција да биде што поефектна. Со сè поширокиот избор на AI алатки, корисниците добиваат поддршка во текот на целиот креативен процес, од првиот кадар до завршната обработка на фотографијата.

За љубителите на видеосодржини, серијата Xiaomi 18 Pro поддржува снимање во 4K резолуција со брзина до 120 кадри во секунда со Dolby Vision технологија, како и 10-битен Log формат и снимање во 8K резолуција со 30 кадри во секунда. Благодарение на задниот екран, кој овозможува едноставно снимање селфи фотографии и влогови со главните камери, серијата Xiaomi 18 Pro е идеален избор за сите што сакаат да ги забележат моментите од патувањата преку фотографии и видеа со врвен квалитет.

Глобалната премиера на Snapdragon® Dual 8 Elites платформите носи уште помоќни перформанси⁹

Серијата Xiaomi 18 Pro е меѓу првите паметни телефони опремени со најновите Qualcomm Snapdragon® Dual 8 Elites платформи.¹ Xiaomi 18 Pro Max го придвижува Snapdragon® 8 Elite Extreme Gen 6, досега најмоќната мобилна платформа на Qualcomm, додека Xiaomi 18 Pro го користи Snapdragon® 8 Elite Gen 6.¹

Двете платформи се произведени со напреден производствен процес од 2 nm и Gate-All-Around (GAA) архитектура на транзисторите, што овозможува значително помала потрошувачка на енергија и намалено загревање на уредите дури и при најсложените задачи. Во нивната основа е процесорот Oryon™ од четвртата генерација, со две главни јадра со високи перформанси и шест дополнителни јадра, вклучувајќи ги првите главни процесорски јадра во светот што достигнуваат работна фреквенција до 5 GHz.

Кај платформата Snapdragon® 8 Elite Extreme Gen 6, перформансите на процесорот се унапредени до 13 проценти,¹⁰ додека редизајнираниот Adreno™ графички процесор носи до 44 проценти подобри графички перформанси.¹¹ Истовремено, Hexagon™ процесорот наменет за обработка на задачи со вештачка интелигенција (NPU) работи до 35 проценти побрзо.¹² Унапредените можности за обработка на податоци им овозможуваат на двата уреда да извршуваат уште повеќе функции засновани на вештачка интелигенција директно на телефонот, вклучувајќи преведување без интернет-врска и интелигентни алатки за пишување.¹³

За да обезбеди ефикасно ладење и стабилни перформанси, Xiaomi 18 Pro Max ја носи иновативната технологија Offset Packaging, која овозможува директен пренос на топлината од процесорот до парната комора за ладење преку бакарен проводник. Овој систем дополнително е унапреден со новата генерација Xiaomi 3D IceLoop технологија за ладење, која обезбедува до 50 проценти поголема ефикасност во одведувањето на топлината и овозможува одржување врвни перформанси дури и при долготрајно интензивно користење.¹⁴ Благодарение на оптимизацијата на процесорските перформанси и системот за ладење, Xiaomi 18 Pro Max се вбројува меѓу најмоќните уреди во својата класа, со резултат од дури 5.031.155 поени на AnTuTu тестот за перформанси.¹⁵

За долготрајна работа и сигурна автономија е задолжена силициум-јаглеродната батерија на Xiaomi, со удел на силициум од 28 проценти.⁷ Оваа технологија овозможува поефикасно искористување на внатрешниот простор на уредот и поголем капацитет на батеријата, со задржување на компактниот дизајн.

Xiaomi 18 Pro Max е опремен со батерија со типичен капацитет од 7.050 mAh, со поддршка за 100 W HyperCharge жично полнење и 50 W безжично полнење. Од друга страна, Xiaomi 18 Pro има батерија со типичен капацитет од 6.000 mAh, со поддршка за 90 W HyperCharge жично полнење и 50 W безжично полнење.¹⁶

Премиум екран што ја подигнува заштитата на приватноста на ново ниво

Серијата Xiaomi 18 Pro носи значајни унапредувања на екранот, поставувајќи нови стандарди во поглед на јасноста на приказот, осветленоста и прецизноста на боите. Новата Xiaomi HyperRGB 2.0 технологија, која за првпат пристигнува со оваа серија, користи независна структура на пикселите, при што секој пиксел содржи целосен сет црвени, зелени и сини потпиксели. Ова решение овозможува појасен приказ на сликата со поефикасна потрошувачка на енергија. Благодарение на максималната осветленост до 4.000 нити во различни услови на користење, содржината на екранот останува јасно видлива дури и под директна сончева светлина, додека широкиот спектар на бои BT.2020 обезбедува богати, природни и прецизно репродуцирани нијанси. За поудобно користење во текот на целиот ден, екранот поседува сертификат TÜV Rheinland Triple Eye Care, кој потврдува исполнување на стандардите за заштита на очите. Интегрираниот ултразвучен сензор за отпечаток од прст овозможува брзо и безбедно отклучување на уредот, дури и кога рацете се влажни.

Покрај врвниот квалитет на приказот, серијата Xiaomi 18 Pro ја претставува и новата Xiaomi Privacy Display технологија со режим за заштита на приватноста (Privacy Mode), осмислена за да им обезбеди дополнителна сигурност на корисниците при користење на телефонот на јавни места. Технологијата е интегрирана директно во хардверот на екранот и функционира така што стандардните пиксели се исклучуваат, додека посебните пиксели за заштита на приватноста, со потесен агол на гледање, остануваат активни. На тој начин, содржината на екранот станува значително помалку видлива за лицата што гледаат од страна.

Благодарение на независната RGB структура на потпикселите што ја носи HyperRGB 2.0, пикселите наменети за заштита на приватноста функционираат без меѓусебно споделување потпиксели. Со тоа се обезбедува остар, живописен и кристално јасен приказ при вообичаено користење, со дополнителна заштита на содржината од несакани погледи кога е активиран Privacy Mode. Сигурноста на оваа технологија ја потврдува и сертификатот TÜV Rheinland Effective Screen Privacy Protection.

Заштитата на приватноста е дополнително унапредена со функции засновани на вештачка интелигенција. Privacy Mode може да се активира за поединечни апликации, известувања, скокачки прозорци и приказ со поделен екран, давајќи им на корисниците поголема контрола врз содржината што сакаат да ја заштитат. Функцијата Privacy Notice препознава кога некој во близина се обидува да погледне во екранот и дискретно го предупредува корисникот преку вибрација или известување преку Xiaomi HyperIsland.¹⁷ За уште поедноставно користење, режимот за заштита на приватноста може веднаш да се активира со приспособливото AI копче на страничниот дел од телефонот. Обединувајќи врвен квалитет на приказот и интелигентни заштитни функции, серијата Xiaomi 18 Pro им овозможува на корисниците да ја зачуваат приватноста на своите податоци и содржини, со целосен квалитет на сликата и едноставно користење на уредот во секоја ситуација.

Елегантен и впечатлив премиум дизајн

Серијата Xiaomi 18 Pro е достапна во две големини, приспособени на различните потреби на корисниците. Xiaomi 18 Pro доаѓа со компактен екран со дијагонала од 6,4 инчи и куќиште широко само 72 mm, што овозможува удобно користење со една рака. Од друга страна, Xiaomi 18 Pro Max има поголем екран со дијагонала од 6,9 инчи, нудејќи повеќе простор за гледање видеосодржини, играње игри и истовремено користење повеќе апликации.¹⁸

Предниот екран е опкружен со исклучително тенки, симетрични рамки со ширина од само 0,99 mm од сите четири страни.⁷ Благодарение на напредната LIPO технологија, површината на екранот е максимално искористена, со задржување на елегантните димензии и ширината на куќиштето.

Новата серија е достапна во три внимателно избрани бои: црна, бела и Velvet Red.¹⁹ Особено се издвојува Velvet Red, која комбинира длабока, богата црвена нијанса со потопла текстура на завршната обработка, дополнително нагласувајќи ја софистицираноста и премиум карактерот на уредот.

Поинтелигентни функции и едноставно поврзување различни уреди

Серијата Xiaomi 18 Pro ја придвижува најновиот оперативен систем Xiaomi HyperOS 4, кој го подигнува секојдневното користење на паметните телефони на повисоко ниво преку три клучни принципи: Effortless Performance (беспрекорни перформанси), Effortless Aesthetics (префинет дизајн) и Effortless Interaction (едноставна интеракција). За исклучително брза и флуидна работа е задолжен оптимизираниот Xiaomi HyperCore, со технологиите Precision Workload Scheduling и Memory Preloading, кои овозможуваат поефикасна распределба на задачите и однапред ги подготвуваат податоците за побрзо стартување на апликациите. Дополнителни унапредувања носи и редизајнираното опкружување за извршување апликации во системот Xiaomi HyperOS.

Во поглед на визуелниот идентитет, Xiaomi HyperOS 4 носи целосно нова текстура на матирано стакло со суптилни светлосни ефекти, интерактивни светлосни анимации и приспособлива просторна длабочина на приказот. Овие унапредувања му даваат на системот потопол, подинамичен и помодерен изглед, додека дополнителните опции за уредување на заклучениот екран и групирање на известувањата им овозможуваат на корисниците да ги приспособат изгледот и функционалностите на телефонот според своите потреби.

Серијата Xiaomi 18 Pro дополнително го поедноставува поврзувањето на уредите, овозможувајќи непречена работа и размена на датотеки меѓу производите на Xiaomi, но и со уреди од други екосистеми.²⁰ Новиот Xiaomi Smart Hub им овозможува на корисниците уредите што најчесто ги користат, вклучувајќи паметни домашни апарати, да ги додадат директно во контролниот центар на телефонот и така брзо и едноставно да пристапуваат до нив.

Вештачката интелигенција дополнително ги олеснува секојдневните задачи. Интегрираниот AI асистент Google Gemini²¹ им овозможува на корисниците со едноставни команди на природен јазик да извршуваат задачи низ повеќе апликации, додека функцијата Circle to Search with Google²² овозможува брзо пребарување и преведување на содржината прикажана на екранот.

Покрај Google Gemini, Xiaomi HyperAI носи дополнителни интелигентни алатки за бележење и организирање информации. Функцијата AI Voice Note ги претвора изговорените идеи во белешки, додека AI Speech Recognition автоматски го препознава говорот и создава структурирани прегледи и резимеа од состаноците, со временски ознаки што го олеснуваат подоцнежното пронаоѓање важни информации.²³

Моделот Xiaomi 18 Pro Max носи дополнителни унапредувања во областа на звукот и одзивот на допир. Напредниот линеарен вибрациски мотор CyberEngine, со исклучително широк фреквентен опсег и работа долж X-оската, овозможува силни и прецизни вибрации, обезбедувајќи поприродно и поизразено чувство на одзив при пишување, играње игри и други активности. Симетричниот систем со три звучници обезбедува побогат и попросторен звук, додека функцијата Xiaomi Privacy Call дополнително ја штити приватноста на телефонските разговори. Оваа технологија го користи задниот звучник за емитување звучни бранови со спротивна фаза, со што се намалува слушливоста на разговорот за лицата во непосредна близина на корисникот.²⁴

Дополнителни можности со практични и иновативни додатоци

Серијата Xiaomi 18 Pro нуди уште повеќе можности благодарение на специјално дизајнираната дополнителна опрема. Два вида магнетни заштитни маски овозможуваат едноставно и брзо поврзување со безжични полначи, преносливи батерии, држачи за автомобил и сталци. За користење со овие маски е развиен и Xiaomi Magnetic Remote Stand, магнетен сталак што може да се постави под агол до 90 степени и доаѓа со одвоив безжичен далечински управувач. Тој овозможува едноставно управување со камерата, гледање видеосодржини, прелистување електронски книги и контрола на музиката. Во комбинација со задниот екран (Back Display) и напредниот систем на камери, овој додаток го олеснува фотографирањето и снимањето видеа без потреба телефонот да се држи во раце.

Заклучно со 2026 година, Xiaomi веќе шест години по ред е меѓу трите водечки светски брендови на паметни телефони, додека осма година по ред е вклучен на престижната листа Fortune Global 500. Претставувањето на серијата Xiaomi 18 Pro означува уште еден важен исчекор во стратегијата на компанијата насочена кон зајакнување на позицијата во премиум сегментот, како и значаен чекор во натамошниот развој на паметниот екосистем Human × Car × Home, кој ги поврзува корисниците, возилата и паметните домови.

За да продолжи со остварување на оваа долгорочна стратешка визија, компанијата Xiaomi планира глобалните вложувања во истражување и развој во периодот од 2026 до 2030 година да надминат 24 милијарди евра. Овие средства ќе бидат насочени кон развој на најсовремени технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција, оперативни системи, сопствени полупроводнички решенија, паметни возила, роботика и интелигентно производство.

Во следниот период, Xiaomi ќе продолжи да го зајакнува своето присуство во премиум сегментот на глобалниот пазар, развивајќи сè понапредни и поинтелигентни технолошки решенија што им носат нови можности во секојдневниот живот на корисниците ширум светот.

Достапност во Северна Македонија

Новата серија Xiaomi 18 Pro ќе биде достапна на пазарот во Северна Македонија од 23 ноември кај сите малопродажни партнери, а купувачите ќе можат да изберат меѓу моделите Xiaomi 18 Pro и Xiaomi 18 Pro Max. Двата модела доаѓаат во три внимателно избрани бои: класична црна, елегантна бела и впечатлива нијанса Velvet Red.

 

Напомени и услови за користење

¹ Производите со ознаката Snapdragon® се производи на компанијата Qualcomm Technologies, Inc. и/или нејзините поврзани друштва.

² Функцијата Privacy Display ја намалува видливоста на содржината на екранот кога се гледа од страна, но содржината може да остане видлива од одредени агли или во поединечни услови. Потребно е првично поставување на функцијата.

³ Екранот поддржува максимална стапка на освежување од 120 Hz. Стапката на освежување може малку да се разликува во зависност од интерфејсот на апликацијата и квалитетот на графичкиот приказ во игрите. Реалните перформанси може да варираат.

⁴ Достапноста на функциите засновани на вештачка интелигенција може да се разликува во зависност од регионот, јазикот и верзијата на системскиот софтвер. Потребна е интернет-врска. Се препорачува проверка на точноста на генерираните одговори. За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на Xiaomi за вашиот пазар.

⁵ Се применуваат месечни ограничувања за користење. Ограничувањата може да се разликуваат во зависност од функцијата и подлежат на промени.

⁶ Функцијата AI Group Photo Wallpapers ќе биде достапна преку OTA ажурирање почнувајќи од декември 2026 година. Достапноста и динамиката на воведување на функцијата може да се разликуваат во зависност од регионот. Потребна е интернет-врска. Се препорачува проверка на точноста на генерираните резултати.

⁷ Податоците се добиени врз основа на тестирања во интерните лаборатории на компанијата Xiaomi.

⁸ Функцијата AI Creativity Assistant е достапна во одбрани региони и на одредени модели на уреди. За поединечни функционалности е потребна интернет-врска, а нивната достапност може да зависи од верзијата на системскиот софтвер и апликацијата Gallery Editor. Реалните функционалности може да се разликуваат во зависност од условите на користење. Се препорачува проверка на точноста на генерираните резултати.

⁹ Глобалната премиера се однесува на фактот дека серијата Xiaomi 18 Pro била првата серија паметни телефони во светот опремена со мобилните платформи Snapdragon® 8 Elite Extreme Gen 6 и Snapdragon® 8 Elite Gen 6 во моментот на нивното претставување на пазарот во континентална Кина во септември 2026 година.

¹⁰ Податоците за перформансите на централниот процесор (CPU) ги обезбеди компанијата Qualcomm.

¹¹ Податоците за перформансите на графичкиот процесор (GPU) ги обезбеди компанијата Qualcomm.

¹² Податоците за перформансите на процесорот за обработка на задачи со вештачка интелигенција (NPU) ги обезбеди компанијата Qualcomm.

¹³ Достапноста на AI функциите што се извршуваат директно на уредот може да се разликува во зависност од регионот, јазикот и верзијата на системскиот софтвер. Функциите работат со компатибилни апликации и во поддржани опкружувања. Се препорачува проверка на точноста на генерираните одговори.

¹⁴ Податоците се добиени со тестирање во интерните лаборатории на компанијата Xiaomi, во споредба со моделот Xiaomi 17. Реалните резултати може да се разликуваат во зависност од начинот на користење.

¹⁵ Резултатите од AnTuTu тестот за перформанси се добиени во интерните лаборатории на компанијата Xiaomi со користење на верзијата AnTuTu V12. Реалните резултати може да варираат.

¹⁶ Информации за тоа дали адаптерот за полнење е вклучен во пакувањето побарајте од локалниот продавач. Безжичниот полнач се продава одделно.

¹⁷ Функцијата Privacy Notice има ефективен досег од приближно еден метар и поддржува агол на препознавање до ±30° во хоризонталната рамнина. Надвор од овие граници препознавањето може да биде побавно или помалку прецизно.

¹⁸ Дијагоналата на екранот се мери како екранот да има облик на целосен правоаголник, без да се земат предвид заоблените агли. Реалната видлива површина на екранот е помала поради заоблените агли и отворите за сензорите.

¹⁹ Достапноста на поединечните бои може да се разликува во зависност од регионот.

²⁰ Достапноста на функциите Xiaomi HyperConnect може да се разликува во зависност од верзијата на софтверот, моделот на уредот и компатибилноста. За користење на одредени функции потребно е најавување на истата Xiaomi сметка, вклучување Bluetooth, WLAN и NFC, како и овозможување поврзување на уредите во менито „Поставки – Поврзување уреди“ (Settings – Interconnectivity). На Apple уредите потребно е инсталирање на најновата верзија на апликацијата Xiaomi Interconnectivity.

²¹ Google и Gemini се заштитни знаци на компанијата Google LLC. Се препорачува проверка на точноста на генерираните одговори. Потребно е првично поставување. Компатибилноста и достапноста на функциите може да се разликуваат. Се применуваат возрасни ограничувања.

²² Google и Android се заштитни знаци на компанијата Google LLC. Функцијата е достапна на одбрани уреди и бара интернет-врска. Работи со компатибилни апликации и во поддржани опкружувања. Резултатите може да варираат во зависност од препознавањето на визуелната содржина. Се препорачува проверка на точноста на резултатите.

²³ Xiaomi HyperAI е достапен во одбрани региони и на одредени јазици. Поединечни функционалности може да се разликуваат во зависност од верзијата на системскиот софтвер и работат со компатибилни апликации и во поддржани опкружувања. Потребна е интернет-врска. Се препорачува проверка на точноста на генерираните одговори. За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на Xiaomi за вашиот пазар.

²⁴ Функцијата Xiaomi Privacy Call е осмислена за да ја намали слушливоста на телефонскиот разговор за лицата во непосредна близина на корисникот. Реалната ефикасност може да зависи од нивото на амбиенталната бучава, јачината на гласот, растојанието и другите услови на околината. Оваа функција не гарантира целосна приватност ниту ги спречува сите облици на прислушување.

²⁵ Достапните конфигурации може да се разликуваат во зависност од регионот. На корисниците им е достапен помал простор за складирање податоци и помалку RAM меморија од вкупно наведениот капацитет, бидејќи дел од меморијата го заземаат оперативниот систем и однапред инсталираниот софтвер.

²⁶ Достапноста на наведените поволности зависи од важечките услови на понудата и исполнувањето на критериумите за нивно користење.

²⁷ Gemini и Google One се заштитни знаци на компанијата Google LLC. Понудата важи до 12 јуни 2027 година. Доколку претплатата не се откаже порано, по истекот на пробниот период Google One автоматски ќе наплатува месечна претплата, чија цена зависи од регионот. Се применуваат условите за користење достапни на: https://one.google.com/offer/terms-and-conditions/xiaomi_3month_aip_trialhttps://one.google.com/offer/terms-and-conditions/xiaomi_3month_aip_trial

²⁸ Понудата важи исклучиво за нови корисници кои претходно не користеле пробни периоди за YouTube Premium, YouTube Music Premium или YouTube Premium Lite. Понудата може да се активира најдоцна до 31 август 2028 година во 23:59 часот по локално време. По истекот на пробниот период, индивидуалната претплата автоматски се обновува со месечна наплата. Претплатата може да се откаже во секое време. Понудата се активира преку апликацијата YouTube. Условите за користење се достапни на: https://www.mi.com/global/support/terms/youtube-premium-terms/https://www.mi.com/global/support/terms/youtube-premium-terms/

²⁹ Понудата е достапна исклучиво за корисници кои никогаш претходно немале претплата на Spotify Premium. Се применуваат условите за користење достапни на: https://www.mi.com/global/support/terms/spotify-premium-terms/https://www.mi.com/global/support/terms/spotify-premium-terms/

³⁰ Понудата е достапна за сите корисници и се однесува исклучиво на претплатата iQIYI Standard VIP. Се применуваат соодветните услови за користење. Бројот на промотивни понуди е ограничен, а поволностите се одобруваат според редоследот на пријавување, до исцрпување на достапните понуди.

 

За компанијата Xiaomi

Компанијата Xiaomi Corporation е основана во април 2010 година, а на 9 јули 2018 година е вклучена на главната листа на Хонгконшката берза (1810.HK). Xiaomi е глобална компанија што се занимава со производство на потрошувачка електроника и развој на паметни технологии, со фокус на паметни телефони, паметни уреди и електрични возила, меѓусебно поврзани преку платформата Интернет на нештата (IoT).1810.HK

Водена од визијата „Да бидеме пријатели со корисниците и компанија што корисниците најмногу ја сакаат“, Xiaomi континуирано вложува во иновации, квалитетот на своите производи и ефикасноста на работењето. Компанијата е посветена на развој на напредни технолошки решенија по пристапни и транспарентни цени, со цел да им овозможи на што поголем број луѓе ширум светот поквалитетен живот со помош на иновативни технологии.

Xiaomi е една од водечките светски компании во областа на паметните телефони. Во јуни 2026 година, бројот на месечно активни корисници (MAU) на глобално ниво достигна 766,5 милиони, вклучувајќи ги корисниците на паметни телефони и таблети. Компанијата исто така разви една од водечките светски AIoT платформи (вештачка интелигенција и Интернет на нештата). Заклучно со 30 јуни 2026 година, бројот на IoT уреди поврзани на оваа платформа, не сметајќи ги паметните телефони, лаптопите и таблетите, достигна 1,1608 милијарди. Во октомври 2023 година Xiaomi ја унапреди својата стратегија со претставување на паметниот екосистем „Human × Car × Home“, кој ги обединува личните уреди, производите за паметен дом и автомобилите во единствен, меѓусебно поврзан систем. Компанијата за краток период се позиционираше како еден од водечките иноватори во индустријата на паметни електрични возила, остварувајќи профитабилност во рок од шест квартали од почетокот на испораките. До септември 2026 година се испорачани повеќе од 800.000 електрични возила. Xiaomi ги става потребите на корисниците во центарот на своето работење, настојувајќи да им овозможи поедноставно и поквалитетно поврзување на различни уреди и технологии. Производите на компанијата се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во јули 2026 година Xiaomi осма година по ред е вклучен на престижната листа Fortune Global 500, заземајќи го 232. место.

Xiaomi е составен дел од берзанските индекси Hang Seng Index, Hang Seng China Enterprises Index, Hang Seng TECH Index и Hang Seng China 50 Index.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK