Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е што победивте, на граѓаните можете да им понудите само јогурт и омраза


aleksandar-vuchich-foto-soopshtenie-mk-vlada-.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на пратеничката група „Србија победува“, Александар Вучиќ, изјави дека пратениците од Студентската листа на граѓаните можат да им понудат само „јогурт и омраза“. Тој истакна и дека Стојан Раденовиќ, кандидатот на Српската напредна партија (СНС) за претседател на Собранието, е постручен и пообразован од пратениците на Студентската листа, пренесува Н1.


Иако претходно одржа прес-конференција на која зборуваше за инцидентот во кој пратеничката Лидија Вукиќевиќ беше полеана со јогурт на влезот во Собранието, Вучиќ и својот долг говор во српскиот парламент повторно го започна со оваа тема.

Тој го окарактеризира полевањето со јогурт како „најбрутален напад“.

„Што се однесува до она што се случи денеска, тоа е нешто што не го очекувавме. Ова требаше да биде свечен ден… Денеска, за првпат, наместо честитки, имавме можност да го видиме најбруталниот напад врз народната пратеничка Лидија Вукиќевиќ, која е виновна, веројатно, затоа што дошла на главниот влез, затоа што сакала да ја работи својата работа, онаа за која ја избрале граѓаните на Србија“, рече Вучиќ.

Прочитај повеќе: (Видео) Инцидент пред Народното собрание на Србија: актерката Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт

Тој изнесе и низа други тврдења за инцидентот.

„Со ужасни извици и навреди кон популарната уметница, додека не ја затруја атмосферата и своите противници не ги прогласија за непријатели што треба да се жигосуваат на секое место… Ја влечеа, ја тегнеа за половината и ја нападнаа со јогурт. Да слушневме барем еден збор извинување, ќе речевме, луѓе се, им благодариме. Се разбира, не слушнавме ниту еден таков збор“, изјави тој.

Марија Радовановиќ, пред почетокот на конститутивната седница, ја полеа со јогурт Лидија Вукиќевиќ, пратеничка од редовите на Српската напредна партија.

Радовановиќ за весникот „Данас“ изјави дека тоа не го направила како перформанс, туку дека „во моментот реагирала на сè што се случувало досега“.

Прочитај повеќе: (Видео) Вукиќевиќ низ солзи откако беше полиена со јогурт: Се чувствувам лошо бидејќи ме нападнаа Срби

Вучиќ на тоа одговори:

„И ние сме лути што ги блокиравте улиците, факултетите, што нашите деца ништо не учеа, па дали имаме право да ве полеваме со јогурт и со што било друго?“

Тој додаде дека Србија назадува во образованието поради пратениците на Студентската листа, иако тие дури денеска станале пратеници.

Вучиќ исто така тврдеше дека Студентската листа „ја доведувала јавноста во заблуда дека тој нема да го признае поразот“.

„Велевте дека нема да го признаеме поразот, дека ќе ја изведеме војската на улиците и ќе влеземе во институциите…  РТС нè извести дека јас лично сум сакал да извршам државен удар, а поранешната амбасадорка на Белгија, на која не се ни сеќавам, не ѝ го знам ниту името, вели дека Вучиќ сакал, но го спречила ЕУ. Бидејќи не можев да зборувам на телевизијата eве да ви раскажам како изгледаше сето тоа. Тој ден обично би имал 10-15 повици од различни страни. Очекував некој да ме побара, но никој не ми се јавуваше. Јас повикав еден од нив за да му укажам на неправилностите таму каде што ги создававте и за да се обезбеди мир“, објасни Вучиќ.

Тој нагласи дека му било „ужасно што победила Студентската листа“ и дека лидерите на Европската Унија му „честитале за однесувањето“.

На пратениците од Студентската листа им порача дека единственото што можат да им го понудат на граѓаните се омраза и јогурт.

Пратеникот на Студентската листа Александар Чупиќ и пратеникот на Српската напредна партија Стојан Раденовиќ се кандидати за претседател на Народното собрание на Србија.

Формирани се пратеничките групи „Александар Вучиќ – Србија победува“, за чиј претседател е избран Александар Вучиќ, а за негов заменик Миленко Јованов.

За претседател на пратеничката група на Студентската листа е избран Јово Бакиќ, а за негова заменичка Александра Штимац.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK