Општина Центар организира обука за финансиска писменост на жените, со цел поттикнување на женското претприемништво и економската самостојност. За таа цел, објавен е јавен повик за пријавување на 30 учеснички кои сакаат да стекнат нови знаења и вештини за започнување сопствен бизнис.
Обуката се организира во рамките на Програмата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година. Учесничките ќе имаат можност да се запознаат со основите на финансиското управување, развивањето бизнис-идеи и чекорите потребни за започнување сопствена дејност.
„Секоја добра идеја заслужува шанса да стане реалност. Сакаме да ги охрабриме жените кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, но можеби досега немале доволно информации или поддршка. Финансиската писменост е важен чекор кон економска самостојност. Затоа создаваме можности жените да стекнат знаења, да ги развијат своите идеи и да се охрабрат да направат чекор напред“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
На јавниот повик можат да се пријават жени со живеалиште на територијата на Општина Центар, кои имаат наполнети 18 години и завршено најмалку четиригодишно средно образование. За учество не е потребно претходно искуство во претприемништвото.
За пријавување потребно е да се достават пополнета пријава, копија од лична карта и доказ за завршено образование. Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, барака 6, од 9:00 до 15:00 часот или по пошта на адреса ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје.
Рокот за пријавување е 10 дена од објавувањето на јавниот повик. Изборот на учесничките ќе се врши според редоследот на пристигнување на комплетните и навремени пријави, до пополнување на предвидените 30 места.
Избраните кандидатки ќе бидат телефонски известени за времето и местото на одржување на обуката, информираат од Општина Центар
Целосниот јавен повик и образецот за пријавување се достапни на официјалната веб-страница