Се бара притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата партнерка, поднесено е обвинение


javno-obvinitelstvo-skopje-35wpa7af7xrjmtu84z4zk0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Охридското обвинителство поднесе обвинение против 31- годишниот Кристијан Корабоски, поради насилство врз неговата партнерка, 26-годишната Сара во Охрид.


При вршење насилство, како што велат од Обвинителството, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и и’ ја загрозил сигурноста.

„Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди“, соопшти Обвинителството.

Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK