Форумот на жени на Влен бара неселективна правда за жртвите на насилство


vlen.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Форумот на жени на ВЛЕН изразува згрозеност од зачестените кривични дела со сторени тешки облици на насилство врз жените, од кои за жал, некои завршија и со смртен исход.


„Од почит кон последната жртва на машко насилство не сакаме нечие страдање да го политизираме. Затоа, на претепаната девојка – жртва од Охрид и посакуваме побрзо физичко и психолошко закрепнување од траумите кои ги доживеала. Искрено се надеваме дека нејзиното семејство ќе изнајде сила да се справи со сите предизвици.

Како жени, меѓу кои има и родители на малолетни деца, сакаме да упатиме порака до државните органите на прогон и правосудната власт. Ако системот избегнува соодветно да санкционира насилничко поведение заради различни причини, тогаш со евентуална селективна правда сите ризикуваме да се појави самовластие, кога блиските на жртвата ќе бидат принудени да делуваат во нужна одбрана и самите да ја истераат правдата за своето чедо.

Алармот е вклучен. Како општество не смееме да дозволиме било кој родител да биде доведен во состојба на силна раздразливост (афект) во кој ќе стане принуден да преземе чекори од кои нема назад. Свесни сме дека родителите најчесто се слепи и глуви за грешките на своите деца, ама за насилство извршено врз биолошки послабиот пол нема и не може да има оправдување. Правдата мора да биде истерана до крај, без калкулации и обиди за тргување со политичко влијание“, велат од ВЛЕН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK