Утре сончево со температура до 20 степени, во среда ветер со брзина над 80 километри на час


esen-skopje-oblaci.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.


Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.

Од среда ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а во среда и четврток во западните делови повремено силен ветер од јужен правец (над 80 km/h).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK