Пикси се врати во Кина


china-2019-chinese-super-league-depositphotos_264498124_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Драган Стојковиќ Пикси започнува ново поглавје во својата тренерска кариера. Поранешниот тренер на српската фудбалска репрезентација постигна договор со кинескиот гигант Шандонг Таисан, кој официјално го потврди доаѓањето на српскиот стручњак.


За Пикси, ова не е прва средба со кинескиот фудбал. Пред да ја преземе српската репрезентација во 2021 година, тој го водеше Гуангжу РФ, на чија клупа помина еден период за време на големите инвестиции во кинескиот фудбал и доаѓањето на бројни светски ѕвезди. Тој проект со текот на времето изгуби пропадна, особено по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

По заминувањето од Кина, Стојковиќ доби можност да ја предводи репрезентацијата на Србија, на чие чело остана до октомври 2025 година. Сега го чека нов предизвик во првенството што го познава многу добро, но овој пат во еден од најтрофејните кинески клубови.

Шандонг Таишан, некогаш познат како Шандонг Луненг, може да се пофали со богата историја и дури четири титули во кинескиот шампионат. Особено е интересно што тој клуб имал силна врска со српските тренери низ годините. Пред Стојковиќ на неговата клупа работеа Слободан Сантрач, Ѓоко Коковиќ, Љубиша Тумбаковиќ и Радомир Антиќ.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK