Автомобил што им припаѓа на српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, композиторот Филип Живојиновиќ, синоќа бил запален пред нивниот дом во Белград, пренесува Telegraf.rs.
Полиција и пожарникари на лице место
Возилото било паркирано во белградската населба Бежанијска коса, спроти куќата во која живее парот. Полицијата и противпожарните екипи веднаш пристигнале на лице место и брзо интервенирале. Полициските службеници набргу започнале со увид и прибирање докази што би можеле да помогнат во расветлување на околностите околу инцидентот.
Пожарот не го оштетил само автомобилот на познатиот пар, туку се проширил и на возило паркирано веднаш до него.
Засега нема официјални информации за тоа како дошло до инцидентот.
View this post on Instagram
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се во врска од 2016 година, а стапија во брак на 21 јуни 2018 година во Белград. Во март 2019 година го добија синот Александар, а во септември 2025 година се роди нивната ќерка Арија. Покрај брачната заедница, Александра и Филип со години соработуваат и професионално.
Филип е вклучен во нејзината музичка кариера и има придонесено во создавањето на бројни песни; пејачката честопати истакнувала колку ѝ значи неговата поддршка.