Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори, велат од СДСМ.
„Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.
Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.
И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.
Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.
Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.
Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.
Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.
Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.
Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.
За сè ова, одговорност ќе има“, стои во соопштението на СДСМ.