Владата на Србија во технички мандат ја продолжи одлуката за намалување на акцизите на нафтените деривати за 25 отсто, со што мерката ќе остане во сила до 22 ноември.
Одлуката ја потпишал премиерот во технички мандат, Ѓуро Мацут, на 13 ноември, а е објавена во „Службен весник“. Претходната одлука за намалени акцизи важеше до 15 ноември.
Според важечките износи, акцизата за оловниот бензин изнесува 57,41 динари за литар, додека за безоловниот бензин е 54 динари. Акцизата за гасните масла изнесува 55,53 динари за литар.
Со новата одлука, примената на намалените акцизи се продолжува за уште седум дена.