Две маси, две реалности – уметничка акција за разликите меѓу студентскиот и пратеничкиот стандард


studenti-vs-sobranie-instalacija-screenshot-2026-11-12-122120.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со две поставени маси за ручек – една студентска и една пратеничка, Центарот за современи уметности (ЦАЦ) преку уметничката акција „Општествени контрасти“ го привлече вниманието кон проблемите со студентскиот стандард и разликите во цените на оброците за студентите и пратениците.


На студентската маса се поставени леб, конзерва туна и кромид, како симбол на ограничените можности што ги нуди субвенционираниот студентски оброк од 140 денари. Наспроти неа, пратеничката маса со мени и послужено јадење го отвора прашањето за повластените цени во собраниското бифе.

Од Центарот за современи уметности посочуваат дека со 140 денари студентите не можат да обезбедат пристоен и хранливо балансиран оброк, особено во услови на растечки цени на храната и зголемени животни трошоци.

Дополнителен товар за студентите кои доаѓаат од други градови се трошоците за сместување и превоз, кои, според организаторите, дополнително го влошуваат нивниот животен стандард.

„Студентскиот стандард опаѓа, а поддршката не ги следи реалните потреби. Во ситуација кога младите секојдневно се соочуваат со сè поголеми трошоци и сè помалку можности да живеат достоинствено, не треба да се чудиме што многумина својата иднина ја бараат надвор од земјата“, наведуваат од Центарот.

Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици на студентите и да се направат повидливи нивните барања за подобри услови за образование и живот.

„Достоинствен оброк не е луксуз, туку основна потреба“, порачуваат организаторите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK