Денес започнаа активностите на комуналните редари во општина Бутел, информираат од општината.
Локалната самоуправа, според соопштеното, ја воведе оваа служба за да обезбеди јавна чистота, заштита на јавните површини и општинскиот имот и спречување на вандализмот и несовесното однесување.
„Комуналните редари секојдневно ќе бидат присутни на терен, во сите населени места во општината. Граѓаните ќе можат да пријавуваат комунални проблеми и неправилности на контакт тел. 076 202 793. Општина Бутел продолжува да спроведува политики за подобрување на чистотата, подигнување на свеста на граѓаните за заштитата на животната средина и заштита на заедничкиот имот“.