„По спроведени детални анализи на потрошувачката и континуирано следење на динамиката на користење на електричната енергија, Специјализираниот тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија спроведе теренска контрола во казино на ул. Магистрален пат во Кичево, при што откри случај на неовластено користење на електрична енергија“, известуваат од Електродистрибуција.
„Констатирано е: Нетипично однесување на мерните уреди, проследено со абнормално зуење во мерниот ормар. Со извршените мерења е регистрирана фреквенција од 225 до 340 Hz, што претставува значително отстапување од стандардните 50 Hz. Користење на уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, со кој било овозможено влијание врз две броила и делумно или целосно нерегистрирање на реално потрошената електрична енергија.
Преземени мерки: Составен е Записник за неовластено користење. Поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ. Изготвени се две посебни Фактури за надомест на штета за двете мерни места, во вкупен износ од 2.722.798,00 денари“, соопшти Електродистрибуција.