Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола.
Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.П.(53) од Скопје поради тоа што истиот бил затекнат како управува дрон без одобрение од Агенција за цивилно воздухопловство.
Со потврда бил одземен дронот поради прекршок од Закон за цивилно воздухопловство.