Променливо облачно време со температура до 15 степени


esen-skopje-logo-3010.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK