Во третата епизода од поткастот „Во рамнотежа“, нутриционистот Владимир Тодоровски зборува за пробиотиците, нивната поврзаност со дигестивното здравје и имунитетот, како и за најчестите заблуди поврзани со нивната употреба.
Со првите постудени денови, почесто размислуваме за имунитетот. Посегнуваме по витамини, бараме совети и се прашуваме како подобро да се грижиме за своето здравје. Но дали на пробиотиците треба да се сетиме само кога земаме антибиотици или тие имаат свое место и во секојдневната исхрана?
Токму ова е една од темите во третата епизода од поткастот „Во рамнотежа“ на Баланс+, во која гостува нутриционистот Владимир Тодоровски. Низ разговорот тој ја објаснува поврзаноста меѓу цревата и имунолошкиот систем, како и разликите меѓу пробиотиците што ги внесуваме преку млечните производи и оние во форма на суплементи.
Дали пробиотиците се потребни само при антибиотска терапија? Дали има разлика кога ги земаме и дали сите имаат ист ефект? Преку рубриката „Мит или вистина?“, Тодоровски разгледува некои од најчестите уверувања за пробиотиците и ги доближува одговорите на прашањата што често си ги поставуваме.
Но грижата за дигестивното здравје не започнува и не завршува со антибиотската терапија. Разновидната исхрана и секојдневните навики имаат свое место во грижата за себе. Во разговорот, Тодоровски го споделува и својот пристап кон исхраната, во кој Баланс+ јогуртот со пробиотски култури е дел од неговото секојдневно мени.
Зошто цревата и имунитетот се толку тесно поврзани и каква улога имаат добрите бактерии во нашиот организам? Тодоровски објаснува во овој дел од разговорот во поткастот „Во рамнотежа”.
Со третата епизода, Баланс+ продолжува да отвора интересни и корисни разговори, потсетувајќи дека грижата за себе не треба да ја оставаме само за деновите кога не се чувствуваме добро.
Погледнете ја целосната епизода „Која е улогата на пробиотиците во сезона на настинки?“ со Владимир Тодоровски на YouTube каналот на Бимилк:
Баланс+, рамнотежата започнува од стомакот.