Бартломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје


pitala.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала денеска на седница на Градот Скопје е прогласен за почесен граѓанин на Скопје.


„Бартломиеј Питала – почесен граѓанин на Скопје, човекот со чиј подвиг светот слушна за нашето богатство! На 338 метри под водата, во длабочините на Врело, полскиот нуркач Бартломиеј Питала испиша историја! Во рамките на меѓународната експедиција ‘Врело 2026’, тој достигна рекордна длабочина, со што нашата Врело на Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Подвиг на исклучителна храброст, знаење и посветеност, остварен со поддршка на тим нуркачи од Македонија, Полска и Италија“, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој вели дека овој историски успех е огромна можност уште повеќе туристи, истражувачи и љубители на природата да го посетат нашиот град и да го откријат богатството што го имаме.

Ѓорѓиевски наведува дека со ова признание, Скопје му оддава заслужена почит на Питала – човекот кој ги помести границите на истражувањето и ни даде уште една голема причина за гордост.

„Господин Питала, остави трага во историјата на Врело и во срцето на Скопје. Од денес, нашиот град е и негов!“, објави градоначалникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK