Харис по поразот на републиканците: На Американците им е доста од корупцијата и неспособноста на Белата куќа


kamala-harisdepositphotos_294909248_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис остро ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп по убедливиот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, порачувајќи дека демократите мора одлучно да ги искористат сите механизми на власта за да ја повикаат Белата куќа на одговорност.


„На денот на изборите американскиот народ проговори гласно и јасно: доста му е од корупцијата, неспособноста и бесчувствителноста што доаѓаат од Белата куќа, како и од попуштањето на републиканските лидери“, напиша Харис на социјалната мрежа „Икс“.

Таа истакна дека за време на кампањата низ земјата забележала силна решеност кај гласачите да се спротивстават на актуелната администрација.

„Бев сведок на решеноста на луѓето да ја претворат болката во цел, а гневот во дејствување“, порача Харис.

Поранешната потпретседателка им честиташе на демократските кандидати и им се заблагодари на илјадниците волонтери кои учествувале во кампањата.

Сепак, нагласи дека изборната победа не е доволна и дека демократите сега мора да покажат конкретни резултати.

„Демократите мора безмилосно да ги искористат сите механизми на власта за да им обезбедат економско олеснување на работничките семејства и да ја повикаат оваа администрација на одговорност за нејзината длабоко вкоренета корупција“, порача Харис.

Нејзината изјава следува откако демократите освоија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес, кое ќе го преземат во јануари 2027 година. Новото мнозинство ќе им овозможи да спроведуваат конгресни истраги и засилен надзор врз администрацијата на Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK