Либанскиот премиер предупреди: Не вовлекувајте ја земјата во нова војна


depositphotos_110176442_xl.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Либанскиот премиер Наваф Салам денеска предупреди дека постои можност неговата земја да биде вовлечена во нова војна доколку продолжи конфликтот на Блискиот Исток. Неговата порака е упатена до либанската милитантна група Хезболах, која има поддршка од Иран.


„Соочени со ризиците од обновување на војната во регионот, повторно предупредувам на опасноста Либан да биде вовлечен во нова бесмислена авантура во служба на туѓи интереси“, изјави Салам, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Во изминатите две години Хезболах двапати го вовлече Либан во војна со Израел, а последен пат тоа се случи во март, кога групата изврши напади во знак на поддршка на Техеран, се наведува во извештајот.

„Не прифаќаме земјата повторно да стане бојно поле за туѓи конфликти“, додаде Салам, истакнувајќи дека Либан „веќе платил висока цена“ за таквите судири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK