Скопје на 7 ноември ќе биде домаќин на концертна вечер каква што не се случува често. Во Т арената „Борис Трајковски“, на иста сцена ќе застанат светската музичка ѕвезда Емели Санде, Дупер и Мијата.
И тоа не е случајна комбинација. Тоа е вечер во која квалитетната музика го има главниот збор, најавува организаторот.
Мијата е едно од оние имиња на македонската музичка сцена кои не се изградени преку минливи трендови и моментална популарност. Напротив, нејзината музичка приказна се темели на авторска оригиналност, препознатлив стил и доследност кон сопствениот уметнички израз.
Од светските хитови и извонредниот вокал на Емели Санде, преку модерниот поп-звук на Дупер, до авторската оригиналност на Мијата, публиката ќе добие концертно доживување кое излегува од рамките на вообичаените музички настани.
Не станува збор само за настап на светска ѕвезда во Скопје. Станува збор за концертен концепт кој ги става на иста сцена меѓународниот успех, современиот македонски звук и автентичното домашно музичко авторство.
А кога на сцената се имиња како Емели Санде, Дупер и Мијата нема потреба од големи ветувања. Самата комбинација е доволна причина за огромни очекувања.
Концертот ќе се одржи на 7 ноември во Т арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Билетите се во продажба преку www.kupikarta.com.