Општина Кисела Вода со повик до жителите: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година


2-21.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните.


„Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет“.

Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија.

Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

„Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem.

Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas“, соопшти општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK