Фудбалерите на Бока Јуниорс го победија својот најголем ривал Ривер Плата со 1:0 во 15-то коло од аргентинската Клаусура.
Супер Класико го реши дефанзивецот на Бока, Лаутаро ди Лољо во 27-та минута. Клучниот момент во дербито се случи во 10-та минута, кога Ривер остана со играч помалку на теренот.
Лукас Мартинез Кварта беше трагичар на гостите поради исклучително непромислен фаул врз напаѓачот на Бока во шестата минута. Тој погрешно ја процени ситуацијата, како последен одбранбен играч, па го фати и го собори домашниот играч со двете раце.
Набрзо дојде пресудата од ВАР собата – црвен картон.
Со еден играч помалку против високо мотивираниот вечен ривал и пред „лудилото“ на трибините, беше само прашање на време кога Ривер ќе капитулира.
Тоа се случи десет минути подоцна, по еден корнер, кога гореспоменатиот Ди Лољо ја погоди мрежата на гостите и ги запали трибините.
Во продолжението, Бока успеа да ја одржи контролата и да резултира со сигурна игра, пред сè, а нервите на гостите стануваа сè потенки. Гонзало Монтиел заработи црвен картон во 79-та минута за груб лизгачки старт длабоко во противничката половина.
Тој беше испратен од теренот и со полициска придружба, бидејќи домашните фанови фрлаа се и сешто кон него.
Бока ја забележа третата последователна победа без да прими гол против својот најголем ривал.
Foto/ EPA