Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно нѐ поврзува со пристаништето во Бар


1000061102.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поквалитетно инфраструктурно поврзување на Македонија со регионот е врвен приоритет на Владата. Како земја која нема излез на море, градиме инфраструктура што директно ќе нѐ поврзе со три пристаништа, истакна заменик претседателот на Владата Александар Николоски на средбата со заменик претседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.


Ова според вицепремиерот Николоски е нова можност за развој на домашната економија, трговската соработка со земјите но и нови пазари за компаниите.

„Македонија на крајот на август месец почна да го гради автопатот Скопје-Блаце, кој што значи директно поврзување со Црна Гора, автопатско поврзување и значи отварање на Македонија кон трето пристаниште, тоа е пристаништето Бар. Имајќи предвид дека веќе имаме добра поврзаност со пристаништето Солун, градиме поврзување со пристаништето Драч и со изградбата на овој автопат ќе имаме едно одлично поврзување и со пристаништето Бар и на тој начин го правиме она што е најдобро за државата, а тоа е како држава која што не излегува на море да имаме излез на најмлаку три пристаништа”, истакна Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK