Меѓу 69-те загинати во железничката несреќа во Шпанија е и младата атлетичарка Хулиета Гаљего


nsreka-voz-spanija.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанската атлетичарка Хулиета Гаљего (24), која се натпреварувала во скок во далечина, е меѓу најмалку 69-те загинати во тешката железничка несреќа во шпанската покраина Толедо, каде што вчера се судрија два брзи воза, пренесува „Европа прес“.


Веста за нејзината смрт ја потврди Шпанската атлетска федерација (РФЕА), која изрази сочувство до семејството, пријателите и клупските колеги на младата спортистка.

„Шпанското атлетско семејство се придружува на тагата поради смртта на Хулиета Гаљего, атлетичарка на клубот АД Спринт, во железничката несреќа во Урда“, соопшти Федерацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurosport España (@eurosportes)

Од неа се прости и претседателот на Шпанската атлетска федерација, Раул Чападо, кој порача дека спортот тагува поради прерано прекинатиот живот на младата атлетичарка.

Гаљего била членка на мадридскиот клуб АД Спринт и редовно учествувала на шпанските клупски првенства. Нејзиниот личен рекорд во скок во далечина изнесувал 5,90 метри, поставен во 2023 година.

Несреќата се случи во средата, на 28 октомври, во близина на местото Урда, кога се судрија два брзи воза. Според досегашните информации, загинале најмалку 69 лица, а голем број патници се повредени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK