По поразот од Џенова, Спалети се соочува со отказ


reggio-emilia-italy-june-2025-depositphotos_818891516_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јувентус, во деветтото коло го забележа третиот пораз во Серија А. „Старата дама“, синоќа загуби во Џенова (2:0). Јувентус е на осмото место на табелата со 14 поени, 11 помалку од лидерите Интер и Лацио.


Поразот од Џенова, сериозно ја разниша позицијата на тренерот Лучано Спалети, од чија работа челниците не се воодушевени од почетокот на сезоната.

Интересен е пресвртот во кариерата на Спалети во Јувентус: во петок ќе се наврши точно една година откако дојде во Јувентус, беше пречекан како спасител, работеше добро, а ова лето доби нов договор до летото 2028 година. Неколку месеци подоцна тој е соочен со отказ.

Доколку изгубат дома против Наполи за време на викендот, лесно може да се случи шефот на црно-белиот да остане без работа.

Според италијанските медиуми, резултатите што ги забележа Јувентус под водство на Спалети се разочарувачки. Што се однесува до бодовите, тој освои помалку од Тијаго Мота (1,78 наспроти 1,79), а само малку повеќе од Игор Тудор (1,76). Поради ова, претходните двајца тренери не останаа долго на клупата на „Старата дама“, па нема логика поддршката и довербата во Спалети да трае бесконечно.

Дополнителен проблем е што тренерот на Јувентус, не може да објасни што се случува со неговиот тим и признава дека не знае што да прави.

„Тешко е да се прифати нашето ниво на трчање и интензитетот во дуелите, бидејќи губиме дуели насекаде: во напад, одбрана, по целиот терен. Мора да разбереме што се случува и да го подигнеме нивото на физичка подготвеност, како и желбата за борба“, вели Спалети.

Тренерот на Јувентус изрази и сомнежи за квалитетот на одредени играчи.

„Не вложивме доволно труд на целиот терен и мора да видиме дали овие играчи го имаат она што ни треба. Мора да откриеме што доведе до оваа ситуација“, рече Лучано Спалети по поразот на „Луиџи Ферарис“ во Џенова.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK