Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“


Monteko 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Винаријата „Монтеко“ од оваа година започнува нова традиција, доделување на почесно признание „Монтеко вински витез“ на луѓето што оставиле значајна трага во развојот и успехот на оваа винарија. Станува збор за посебно одликување што ќе го добијат избраните вински витези на „Монтеко“.

Почесната титула е наменета за трајни или исклучително значајни заслуги во развојот и афирмацијата на „Монтеко“. Таа ќе се доделува на создавачи и промотори на виното, деловни партнери и соработници, како и на јавни личности од општествениот живот кои придонеле за препознатливоста на винаријата и за унапредувањето на винската култура, гастрономијата и туризмот кои се поврзани со овој бренд.


– Со ова признание, сакаме да им оддадеме почит на оние што се нераскинлив дел од успешната приказна на „Монтеко“, односно на луѓето кои со својата работа и посветеност помогнале винаријата да го гради својот идентитет, да ги реализира своите амбиции и да го унапредува винскиот сектор во земјава. Тоа е наш начин за да ја искажеме нашата благодарност кон оние што се најзаслужни за трајните вредности што ги создава оваа винарија – велат од „Монтеко“.

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

Од „Монтеко“ истакнуваат дека првото доделување на признанието „Монтеко вински витез“ ќе ги постави темелите на една убава традиција што ќе се негува и во иднина. За „Монтеко“, тоа е начин да ги зачува и вреднува исклучителните соработки и да го истакне уверувањето дека луѓето што придонесуваат за нејзиниот успех заслужуваат трајно признание.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK