Додека полициските сили се повлекуваа од центарот на Белград по изборниот пораз на Александар Вучиќ, граѓаните ги испратија со свирежи, извици и удирање по нивните возила. Некои од присутните фрлаа камења кон полицискиот конвој, а на најмалку едно возило му беа искршени стаклата, објави N1 Србија.
На социјалните мрежи кружат снимки од повлекувањето на полицијата.
Mili narod pozdravlja policiju. ❤️ https://t.co/kQrUvKEyoe
— Jeremija (@4nbgd) October 25, 2026
Во една особено драматична снимка се гледа колона полициски возила како се обидуваат да заминат, опкружени од граѓани кои фрлаат разни предмети кон нив. Едно лице дури удира со долга метална шипка по припадници на Жандармеријата – кои се наоѓаат на едно од возилата – додека полицајците се обидуваат да се заштитат. Исто така, се слушаат и звуци од пиротехнички средства.
На друго видео се гледаат полицајци во опрема за разбивање демонстрации како пеш ја напуштаат локацијата, проследени со гласни свирежи.
На социјалната мрежа X, снимките предизвикаа бројни реакции; еден корисник иронично прокоментира: „Што им е на овие фини луѓе? Зошто бегаат?“
Olos, batinase i krimilicajce ovako ispratiti. https://t.co/fQt4NLXxWo
— MM (@mamihajllo) October 25, 2026
Полициски возила засипани со предмети; искршени стакла
Според репортер на N1, полициски автобуси и возила на Жандармеријата се повлекувале од просторот пред Стариот двор, во непосредна близина на Пионирскиот парк – локација позната меѓу граѓаните како „Ќациленд“.
Некои граѓани им пријдоа на возилата и се обидоа да разговараат со полицајците, додека други удираа по автобусот што се наоѓаше на чело на колоната.
Ситуацијата потоа ескалираше. Дел од присутните почнаа да фрлаат камења кон возилата на Жандармеријата, при што беа искршени стаклата на едно од нив. Според извештајот на N1, полицијата не одговорила на нападите. Истовремено, некои граѓани се обидуваа да ги смират оние што фрлаа предмети кон возилата.