(Видео) Потсмев кон сопственикот на „Информер“ на избирачко место во Србија: Граѓани му имитирале коњски звуци додека чекал да гласа


screenshot-2026-10-25-130005.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

🔴Најновите вести за изборите во Србија следете ги ОВДЕ.


Драган Ј. Вучиќевиќ, главниот уредник и сопственик на српскиот таблоид „Информер“, утрово дошол на гласање со сопругата, но додека чекал во редот на избирачкото место, дел од присутните почнале да го провоцираат.

Според српскиот портал „Нова.рс“, неколкумина граѓани почнале да имитираат ржење на коњ, на што други присутни реагирале со аплауз. Во видеоснимката се слушаат и дофрлувања како „Гледај колку те сакаат луѓето“ и „Убаво му почна утрото“.

На снимката се гледа како Вучиќевиќ одмавнува со главата, но не одговара на провокациите. Од друга страна, „Информер“ објави дека кон неговиот сопственик биле упатени навреди.

Кој е Драган Ј. Вучиќевиќ?

Вучиќевиќ го основал „Информер“ во 2012 година, а пред тоа работел во повеќе српски медиуми, меѓу кои „Политика“, „Блиц“, „Курир“ и „Прес“. Во 2023 година ја покрена и телевизијата „Информер ТВ“.

Таблоидот е познат по изразената поддршка за Српската напредна партија (СНС) и претседателот Александар Вучиќ, како и по сензационалистичките наслови и содржини насочени кон политичките противници на власта.

Во април 2023 година, Вучиќевиќ помина околу 48 часа во затвор, откако одбил да плати парична казна од 200.000 динари за навредливи објави на социјалните мрежи за новинарот Југослав Ќосиќ. Тој тврдеше дека станува збор за политички прогон и го претставуваше случајот како прашање на слободата на говорот.

Од затвор бил пуштен откако неговата невенчана сопруга ја платила казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK