(Видео) Николоски најави изградба на патот до Стенче и реконструкција на патот до Гургурница


nikoloski-23-10-26-brvenica.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при денешната посета на селото Стенче во општина Брвеница, најави реализација на патни проекти и продолжување на поддршката за општината од Министерството за транспорт и Владата.


Николоски информираше дека е завршена тендерската постапка и е избран изведувач за изградба на патот до селото Стенче и црквата „Св. Екатерина“, за која рече дека привлекува посетители од цела Македонија.

Според него, новиот пат ќе овозможи побрз пристап од автопатот Тетово – Гостивар до селото и црквата, што би придонело за развој на туризмот и локалната економија.



Тој најави и поддршка за реконструкција и проширување на патот до селото Гургурница, во должина од околу 17 километри.

„Еден таков е на пример и патот којшто води до с. Гургурница, којшто исто така сме спремни заедно со општината да го работиме, да го рехабилитираме, да го прошириме, да го изградиме и да имаме едни 17 км пријатно возење до с. Гургурница“, изјави Николоски.

Во пресрет на вториот круг од локалните избори, тој изрази уверување во победата на кандидатот Стојанчо Радичевски, со кого, како што рече, ќе продолжат да реализираат проекти во Брвеница.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме општината и убеден сум дека после победата следниот викенд, после победата на локалните избори заедно со новиот градоначалник, Стојанчо, ќе работиме, да сработиме уште многу проекти“, рече Николоски.

На крајот од обраќањето, тој ги повика граѓаните да го заокружат бројот еден на изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK