Тренерот на Баерн, Венсент Компани, бил итно префрлен во болница откако му се слошило за време на тренингот, објави германскиот „Билд“.
Хеликоптер дошол да го земе белгискиот стручњак, кој слета во тренинг центарот на клубот од Минхен. Деталите за неговата здравствена состојба сè уште не се објавени.
„Скај Спорт Германија“, исто така истакнува дека во клубот се загрижени и додаваат дека поради вирусот што го имал пред неколку дена, почувствувал болка во нозете.
Баерн исто така излезе со кратко соопштение, без да ги објасни причините што му се случило на тренерот.
„Венсент Компани морал да побара медицинска помош откако се онесвестил за време на тренингот. Тренерот на првиот тим го гледал тренингот на вториот тим.
Компани ќе ги изврши сите прегледи во болницата и ќе остане под медицински надзор. Во наредниот период, тренинзите ќе бидат надгледувани од неговиот стручен штаб“
Компани имал проблеми со вирусот во претходните денови, поради што не присуствувал на некои медиумски конференции. Неговиот помошник Арон Данкс претходно нагласил дека приоритет е тренерот да се одмори и да добие доволно време за закрепнување.
„Најважно е да го охрабриме да се одмори и да одвои време колку што му е потребно, колку и да трае тоа“, рече Данкс.
И покрај здравствените проблеми, Компани го предводеше Баерн против Арсенал во Лигата на шампионите, во ремито 2-2.
Според германските медиуми, тој не се чувствувал добро дури ни по победата од 6:1 над Лајпциг во лигата, кога морал да лежи во тренерската соба некое време.
Белгиецот е на клупата на Баерн од летото 2024 година.
Foto/ Depositphotos