Помладата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел успешно гради манекенска кариера, а нејзините славни родители го споделија нејзиниот најнов моден проект на социјалните мрежи.
Веќе е добро познато дека Дева Касел, постарата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел, тргна по стапките на својата мајка. Таа е познато лице во светот на моделингот и често се појавува на модни ревии и престижни светски настани. Се чини дека сега и нивната 16-годишна ќерка, Леони, одлучила да тргне по патот на својата мајка и постарата сестра.
View this post on Instagram
Леони Касел заблеска во нова кампања за модната куќа Roger Vivier, претставувајќи ја нивната колекција за есен/зима 2026/2027 година. За потребите на снимањето, таа носеше шик комбинација: црн мини-фустан во спој со високи чизми и чанта со зебра-дезен.
Изгледот го заокружи со дискретна шминка во неутрални тонови, со што во преден план дојде до израз нејзината природна убавина, која многумина ја воодушевува.
View this post on Instagram
Како што и се очекуваше, корисниците на Инстаграм веднаш реагираа, исполнувајќи го делот за коментари со пофалби за изгледот на убавата Леони.
Текстот (Фото) Помладата ќерка на Моника Белучи има 16 години, а на новите фотографии таа е вистинска убавица е превземен од МАКФАКС.