Актерката Џена Ортега се појави на премиерата на филмот Klara and the Sun во Лондон, привлекувајќи го вниманието на јавноста поради својата многу слаба градба.
View this post on Instagram
Џена Ортега веќе некое време го привлекува вниманието на светската јавност. Актерката се соочи со критики во јавноста поради својата витка линија – изглед што многумина го поврзуваат со „масовната употреба на Оземпик“. Иако таа не одговори на овие тврдења, корисниците на социјалните мрежи продолжија со критиките, а ова најново појавување им даде уште една можност дополнително да ги поткрепат своите ставови.
View this post on Instagram
Ортега присуствуваше на премиерата на Klara and the Sun – одржана во рамките на Лондонскиот филмски фестивал – облечена во фустан во боја на окер, со тенки прерамки. Овој нежен фустан, дело на брендот Torlowei, се одликува со детали од црна чипка на горниот дел и крој што тесно го следи телото.
View this post on Instagram
Иако фустанот со тенки прерамки ја истакна нејзината природна убавина, тој истовремено го насочи вниманието кон нејзината забележливо слаба фигура – особено кон нејзините раце.
View this post on Instagram
Таа го заокружи својот изглед со шминка во земјени тонови, а на оваа нежна, романтична комбинација додаде и капа од чипка. Џена ги поздрави присутните фотографи со блескава насмевка, истовремено заземајќи поза што потсетува на вистинска заводничка…