Oткриени четири луксузни пловила за кои се претпоставува дека се поврзани со Ким Џонг Ун


kim-jong-un-depositphotos_264656376_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нови сателитски снимки откриваат четири луксузни пловила во близина на севернокорејскиот град Вонсан, за кои се верува дека ги користат лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, и неговото семејство, објави Би-би-си.


Најголемото пловило е долго околу 80 метри, а на неговата палуба се наоѓа базен долг 50 метри, со четири патеки за пливање и четири водени тобогани. Според Би-би-си, точната вредност на пловилата не е позната, но слични луксузни јахти на пазарот чинат од десетици милиони до над 100 милиони долари.

Јахтата со месеци била на одржување во бродоградилиште, а од јули повторно е забележана во водите во близина на полуостровот Калма, недалеку од приватната вила што ја користи семејството на Ким.

Анализата на сателитските снимки на Би-би-си покажала дека во областа се забележани уште три големи пловила, долги приближно 50, 55 и 60 метри. Се верува дека сите се поврзани со севернокорејското раководство, иако нивната сопственост не е официјално потврдена.

Вонсан е познат како одморалиште на севернокорејската елита, а во 2025 година таму беше отворен голем туристички комплекс. Сепак, пристапот за странските туристи останува ограничен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK