ФИФА ги казни Египќаните за обвинувањата дека Светското првенство било наместено во корист на Аргентина


screenshot-2026-10-20-082801.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го казни египетскиот селектор Хосам Хасан со забрана од три натпревари да го води тимот, а напаѓачот Мостафа Зико со забрана од пет натпревари, поради критикување на судењето по поразот од 2:3 од Аргентина во осминафиналето на Светското првенство оваа година.


По натпреварот, Хасан ги обвини судиските за елиминацијата, додека Зико го навреди судијата во својата изјава по натпреварот. Голот на Зико беше поништен за време на натпреварот поради прекршок на почетокот на акцијата, а Египет исто така побара пенал на крајот додека резултатот сè уште беше 2:2.

Шефот на судиите во ФИФА, Пјерлуиџи Колина, го бранеше судењето на тој натпревар и рече дека изјавите на Хасан и Зико би можеле да предизвикаат закани кон судиите и нивните семејства.

Да се ​​потсетиме дека по натпреварот, Хасан ги обвини судиите за испаѓањето на неговата репрезентација.

„Денес бевме измамени, нанесена ни е неправда. Можеби сакаа да ги задржат светските шампиони на турнирот. Можеби сакаа Меси да остане на турнирот“, рече египетскиот селектор.

Уште поостар беше Зико, чиј гол беше поништен за време на натпреварот поради прекршок на почетокот на акцијата.

„Судијата не беше фер. Ни предизвика очигледна неправда и ги уништи напорите на целата земја. Од почетокот на натпреварот, тој беше наклонет кон Аргентина. Турнирот е наместен во нивна корист“, рече напаѓачот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK