Најубавата жена на светот се појави синоќа на модната ревија на „Victoria’s Secret“ и многумина маѓепса со својот сензуален од. Станува збор за Бела Хадид, која никого не остави рамнодушен.
View this post on Instagram
На ревијата на „Victoria’s Secret“ се појавија неколку познати лица од модната индустрија, меѓу кои највпечатлива беше популарната манекенка Бела Хадид, чие присуство беше од клучно значење за овој голем моден настан. Таа имаше посебна улога, бидејќи ѝ беше доверена задачата да ја отвори самата ревија.
View this post on Instagram
За оваа пригода, таа избра комбинација што го долови духот на пролетта. Прошета по пистата во шарен градник со цветен дезен, во комбинација со зелено здолниште од тул. Нејзините впечатливи ангелски крилја совршено го заокружија изгледот.
View this post on Instagram
Косата ѝ беше стилизирана во благи бранови, а шминката беше во неутрални тонови, создавајќи естетика на „нежен гламур“. Таа привлече внимание не само со својот сензуален од, туку и со погледот на вистинска заводничка – поглед што никого не остави рамнодушен.
View this post on Instagram