Пицула: Вучиќ е сè понервозен, се плаши од тоа што може да му се случи во Србија


1639413108-tonino-picula-750x513.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ покажува знаци на зголемена нервоза во пресрет на изборите во Србија, оценувајќи дека се плаши од можните последици за него во земјата.


„Вучиќ, се согласувам, ги покажува сите индикации на зголемена нервоза овој пат. Тој, пред сè, се плаши од она што може да му се случи во Србија“, рече Пицула.

Осврнувајќи се на обвинувањата дека Хрватска се меша во изборниот процес во Србија, хрватскиот европратеник ги отфрли таквите тврдења.

Пицула зборуваше и за политичкиот развој на Србија што, според него, би бил во интерес на Хрватска.

„Мораме да ја имаме предвид и пошироката слика, а тоа е дека хрватски интерес е еден ден да има постабилна и подемократска Србија на европскиот пат“, изјави тој.

Додаде дека таквиот развој би требало да биде во интерес и на самата Србија, но нагласи дека за иднината на земјата одлучуваат нејзините граѓани.

„Тоа е нешто за што одлучуваат граѓаните на Србија и на овие вонредни, но во секоја смисла исклучително важни избори што ќе се одржат на 25 октомври“, порача Пицула.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK