(Видео) Нумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте, одговорност од Тошковски


aleksandar-naumoski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, изјави Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.


„Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара. Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност. Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен. Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски“, рече тој.

Според Наумоски, јасно е дека Мицкоски го штити Тошковски.

„Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница. Затоа бараме оставка од Тошковски“, рече Наумоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK